Од скопски маркет украден сеф


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Непознат сторител извршил тешка кражба во маркет на улицата Сава Ковачевиќ во Скопје. Кражбата се случила во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 јуни.

Сторителот со специјален предмет ги исекол катанците од влезната врата на магацинот, влегол во маркетот и одзел сеф во кој имало неутврден износ на пари.