Од Реал Мадрид до финска лига за неколку години!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалот навистина знае да напише неверојатни приказни. Финскиот клуб, Интер Турку доведе големо засилување и тоа поранешниот „галактикос“ Жулијан Фаберт.

Веста ги обиколи светските медиумите и тоа поради фактот дека 33-годишниот Фаберт некогаш играше за Реал Мадрид, а сега потпиша за клуб кој минатата сезона го освои претпоследното 11-то место во финската лига.

Авантурата на Фаберт во Реал Мадрид траеше кратко. Во јанураи 2009 година дојде во Мадрид како позајмен играч од Вест Хем, а за „кралевите“ запиша два настапи.

Но, многу попознат стана по тоа што на натпреварот против Виљареал го фатија камерите како спие на клупата за резерви. Подоцна Фаберт се правдаше дека не спиел туку дека малку се одмарал и го затворил очите, но остана познат по тоа.

Реал во летото 2009 година го врати во Вест Хем каде одигра уште две сезони. Потоа премина во турски Елазигспор каде одигра половина сезона и се врати во матичниот Бордо.

После истекот на договорот со „жирондинците“ 6 месеци беше без клуб за потоа да потпише за шкотски Килмарнок. Ова лето повторно остана без клуб, а сега после нови шест месеци пазуза потпша за Интер Турку.

Притоа, Фаберт одигра и еден меч за француската репрезентација и постигна гол на своето деби против Босна и Херцеговина.