Од половиот орган му извадоа 20 сантиметри долга секс играчка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лекарите во Тајван открија скоро 20 сантиметри долга секс играчка во мочниот меур од човек кој побарал лекарска помош откако почнал да мокри крв.

Непознатиот 30-годишен маж одбивал да посети лекар повеќе од два дена откако играчката се заглавила во неговиот организам. Кога најпосле побарал лекарска интервенција, признал дека до незгодата дошло при играње со пенисот, пренесува Mirror.

Шефот на одделот за урологија, Џиан Банг-Бинг изјави дека пластичниот стап бил долг 20 сантиметри и 1 сантиметар широк. Пациентот тврди дека се самозадоволувал кога во еден момент секс играчката ја турнал предлабоко во својот мочен меур.

Со ендоскопска постапка во неговиот меур, лекарите успеаја да го отстранат секс помагалот кое веќе предизвикало воспаление и крварење.

Пациентот е пуштен од болница на домашно опоравување и се очекува целосно да заздрави од незгодата.