Актуелно

Од полноќ рипаат цените на горивата


Од ноќеска, на полноќ, следува ново поскапување на цените на бензинот и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросупер БС-98 69,50 денари, а на еуродизел (Д-Е V) 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе се зголеми за еден денар, на 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,539 денари за килограм и од ноќеска на полноќ ќе изнесува 29,906 денари за килограм.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top