Актуелно

Од полноќ повторно поскапување на горивата


Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за 0,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажните цени на еуросупер БС од 95 октани и на еуросупер БС од 98 октани се зголемуваат за 0,50 денари за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС 95 изнесува 67 денари за литар, а малопродажната цена на еуросупер БС 98 изнесува 69 денари за литар..

Малопродажните цени на еуродизел и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари за литар и од полноќ тие ќе се продаваат по цена од  54 денари за литар односно 42,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М 1 НС се зголемува 0,794 за денари за килограм и  изнесува 28,292 денари за килограм.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top