Од полноќ нови цени на горивата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од полноќ Еуросупер бензинот БС 95 поскапува за денар и литар ќе се продава за 63 денари, додека бензинот БС 98 ќе има зголемена цена за половина дена.

Кај Евродизелот ДЕ 5 нема промени на цената, додека екстралесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и литар ќе чини 37 денари. Килограм мазут М1 ќе се продава поевтино за 0,112 денари.

Новите цени на дериватите ќе важат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Причини за поскапувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,61 насто се растот на берзанската цена на суровата нафта за 1,8% и намалувањето на курсот на денарот во однос на доларот.