Од полноќ измени во цените на бензиските


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нафтените деривати поевтинуваат од полноќ за 1,2 отсто во просек, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 95 октани се намалува за еден, 98 октанскиот бензин поевтинува за 1,5 денари.

Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети, а поевтинува и мазутот.

Комисијата наведува дека суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели се продавала по пониска цена, а курсот на денарот бил понизок во однос на доларот.