Од Кривичен одбиени жалбите на пратениците Василевски и Димовски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По одржаната  јавна седница во однос на жалбите за притворите на пратениците Сашо Василевски и Љупчо Димовски, Кривичниот суд во Скопје донесе одлука со која ги потврди притворите на судија на претходна постапка.

Согласно последните одлуки Василевски останува во притворското одделение во Шутка, а Димовски во куќен притвор.

Во меѓувреме, се очекува Апелација утре да соопшти дали екс началникот од МВР Митко Пешов ќе остане во притвор или ќе му биде укинат, а се очекува одлуката и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска.

Василевски и Димовски заедно со уште четворица пратеници се осомничени за крвавиот четврток што се случи на 27 април во Собрание.