Море од ѓубре на едно од најпознатите туристички места! (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Океаните имаат сериозни проблеми со пластиката. Милион пластични шишиња се фрлаат во светот секоја минута, а поголем број завршуваат во океаните каде го убиваат морскиот свет.

Ако не се шишиња, тогаш се пластични кеси и друга амабалажа составена од пластика. Ричард Хорнер на само 20 километри од Бали, популарната туристичка дестинација, сними сцена која би можела да ве натера да размислете.
Хорнер, снимката пред неколку дена ја објави на Фејсбук, а многу брзо стана вирална.

Откако снимката се прошири по социјалните мрежи, Хорнер додаде и одговор на некои од прашањата кои му беа поставени.

Се проценува дека до 2050 година со ова темпо во океанот ќе има повеќе пластика отколку риби, вели извештајот од минатата година.