Од Елвис Присли наследи 100 милиони долари – денес има само 14.000


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да имаш наследство од 100 милиони долари да се доведеш до финансиска состојба од „ситни“ 14.000 долари – тоа го може само ќерката на легендата Елвис Присли, Лиза Мари.

Ќерката на „кралот на рокенролот“, Лиза Мари Присли, на 25 години, во 1993 година го наследи сиот имот на Елвис Присли кој тогаш имаше вредност од околу 100 милиони долари.

Елвис Присли почина кога неговата ќерка имаше само девет години, а неговото богатство беше проценето на неколку милиони долари, но вкупната вредност на брендот „Елвис“, вклучувајќи го и познатиот имот Грејсленд имаше вртоглава сума.

Лиза Мари сега тврди дека и останале само 14.000 долари и го обвини поранешниот менаџер Бери Сигел дека го уништил нејзиното богатство. Таа тврди дека Сигел лошо управувал со наследството на нејзиниот татко.

Сепак, таа уште е сопственик на Грејсленд, имотот на Елвис кој и денеска е голема туристичка атракција.

Сигел на прозивките одговори дека за пропаста на наследството е одговорна ќерката на Елвис Присли. Тој ја обвинува дека живеела расипнички живот и порача дека мора да ја преземе одговорноста за сопствените постапки.

Сигел во 2005 година продаде 85 проценти од компанијата „Elvis Presley Enterprises“. Тоа според него морало да се направи бидејќи Лиза Мзри Присли должела околу 20 милиони долари.

Таа пак смета дека парите исчезнале поради неговите вложувања во „Core Entertainment“, компанијата која стои зад „Американски идол“ и која банкротираше во 2016 година.

Лиза Мари има спор околу имотот и со четвртиот маж Мајкл Локвуд, со кого е во тек разводот.

Таа тврди дека има долгови од 16 милиони долари, додека нејзиниот сопруг вели дека тоа и не е вистина и јавно ја повика да обелодени колку имот има и реално да ја прикаже вистинската вредност.

Лиза Мзри се бави со музика како и нејзиниот татко, а до сега има издадено три албуми.