Од денес на сила посебен сообраќаен режим околу „Арена Телеком“ поради Суперкупот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поради суперкупот на УЕФА, закажан за 8 август на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од денес ќе биде воведен посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денес во 08 часот па се до завршување на натпреварот, односно до 9 август на потегот од крстосниците на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе се пропуштаат исклучиво лица и возила кои имаат соодветна акредитација од организаторот на мечот, УЕФА.

Исто така, на денот на натпреварот, во зависност од интензитетот на сообраќајот, не е исклучена можноста од затворање за сообраќај и на булеварот „Илинден“ на потегот од објектот на Владата на РМ до крстосницата со улицата „Рузвелтова“.