Од дебели до набилдани – вака се менуваше идеалот за машка убавина во последните 150 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Идеалната физиономија на современите мажи подразбира убаво дефинирано и мускулесто тело, со добро торзо, но овој идеал не бил отсекогаш актуелен и во тренд.

Графичкиот дизајнер и истражувач Николај Лам направи илустрација која сликовито доловува како се менувал идеалот за совршено машко тело во последните 150 години.

Земајќи ги во предвид варијаблите како промена во културата и достапност на храна, а под влијание на различни слики кои Лам ги собрал од секоја декада на која се фокусирал, резултатите изненадувачки се разликуваат од она што би можеле да го очекувате.

Од дебели мажи во 1870-те години, кога дебелината била атрактивна како одраз на имотната, повисока класа, до мускулести мезоморфи, како Кларк Гејбл и Џон Вејн кои биле сметани за врвни секс симболи, во 1930-те, машкиот идеал за убавина се менувал од декада во декада.

Во 1960-те на цена се слабите рокери, кога не било многу важно да се има убаво дефинирано тело. Младите Американци, па и не толку младите, во тој период повеќе се фокусирале на драматичната облека и бујната коса, откоклу на индивудуалноста и сексуалноста. Мик Џегер и Џон Ленон се одлични примери за тоа.

Во 1980-те на цена доаѓаат екстремно набилданите мажи, па Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне се алфа мажјаци кои со своите мускули предизвикуваат импресии и восхит кај фановите и се пример за тоа како сакаат да изгледаат многу мажи во тој период.

Во 1990-те тренд е машкиот фит изглед, поточно мажите кои изгледаат одлично, но не се масивно набилдани. Благо изразени плочки на стомачните мускули, мажествени раце и добро дефинирани гради, но не премногу нападно. Поради тоа Бред Пит, на пример, стана современ секс симбол.