Од авторот на Time.mk: Populast.com – за на време да знаете што е вирално на социјалните мрежи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата веб страницата Populast.com,дело на Игор Трајковски, креаторот на веќе добро познатиот агрегатор на вести Time.mk, денес официјално беше пуштена во употреба за најшироката публика.

Populast ги следи популарните објави на друштвените мрежи Twitter и Facebook на над 200 светски медиуми како BBC, CNN, Guardian, Time, Bloomberg, Economist и многу други, како и истакнати личности како Доналд Трамп, Елон Маск и други.

Популарноста на објавите се пресметува како зголемен интерес на читателите кон одредена објава, споредено со други објави од истиот медиум. Од таму доаѓа и името на сајтот, last popular news – populast.

Други можности кои ги нуди страната е да ги погледнете најпопуларните постови на одреден медиум во последните 24 часа, недела или месец.

Дополнително, може да изберете кои медиуми највеќе ги следите и со дополнително филтрирање ќе добиете приказ само на содржини од медиумите кои ги преферирате. Профил може да си направите на следниот линк, со вашиот Facebook или Gmail акаунт.

Со оглед на промените кои ги најави Facebook, а и онака секојдневно сте преплавени со нерелевантни и лажни вести од Facebook, Populast може да ви биде корисен сајт за добивање на актуелни информации од светот.