Облачно, дождливо и магловито со повремен ветер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претпладне се уште на повеќе места ќе има врнежи од дожд, кои во втората половина од денот ќе престануваат.

Ќе дува повремено засилен југозападен ветер, особено на југозападот и на планините. Т-ра од 9 до 16 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со намалена облачност и со умерен југозападен ветер. Т-ра до 12 степени.

Утре и во вторник ќе преовладува суво, ветровито и студено време со умерен до засилен северен ветер. Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста и таму е можно да провејува слаб снег. Од среда ќе биде претежно ведро. Од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.