Облачен вторник со повремен дожд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почест до претпладневните часови. На планините ќе има повремен снег. Ќе има и услови за појава на грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 2 и дневна до 8 степени.

Во текот на неделата ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.