Облачен вторник со променливо време


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Во вторник во Македонија ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во западните делови можен е краткотраен локален дожд.

Минималните дневни демператури ќе се движат од 5 до 15, макасиманите ќе бидат во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи ов 9 до 26 степени.

Веќе од утре следува период на стабилно време со свежи утра, а дневната температури ќе биде во постепен пораст. Исклучок е сабота кога ќе има услови за локален дожд.