Облачен понеделник во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе се од локален карактер. Во југоисточните делови ќе има услови за поројни дождови со појава на грмежи. Ќе дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови.

Максималните дневни температури денеска ќе бидат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 16, Битола и Кавадарци 18, Крива Паланка 14, Берово 11, Дојран 17 итн.

И утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои пповеќе ќе бидат застапени во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 11 до 17 степени.

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток, кои ќе бидат проследени со северен ветер и опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени.