Облачен петок со локални врнежи


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во текот на денот нестабилно време се очекува во јужната половина од земјава, каде локално повторно има услови процесите да бидат поинтензивни.

Во северните делови сончево со мала до умерена облачност. Дневните ќе бидат во интервал од 21 до 31 степен.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 31 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува во петок кон сабота.

Во сабота во текот на денот ќе биде претежно облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните делови.

Засилен северен ветер и пониски температури ќе има до понеделник, а во недела можен е слаб дожд.