Славни

NW Magazine тврди: Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт тајно се венчаа во Сан Диего


Контроверзната пејачка Мајли Сајрус за време на новогодишната вечер се венчала со својот дечко Лиам Хемсворт, тврдат американските таблоиди. NW Magazine тврди дека парот се венчал во Сан Диего, во присуство на членовите од семејствата.

11-1-miley-liam1

„Сè се одиграло во последен момент. На семејствата им било кажано само неколку часа пред венчавката. Цело семејство од Хемсворт долетало во Сан Диего, а тука била и фамилијата од Мајли. Изгледа тоа било идеално време, додека сите била собрани на едно место“, тврди извор близок на славниот пар за американските таблоиди.

11-1-miley-liam2

На новогодишната вечер Мајли објави фотографија на која е со Леони, мајката од Лиам, со својата мајка Тиш и со Елза Патаки, која е во брак со Крис Хемсворт. Изворот тврди дека парот само ги напишал заветите за свеченоста, говорејќи еден за друг дека се сродни души. Освен тоа, парот наводно има желба што поскоро да формира и семејство.

11-1-miley-liam3 11-1-miley-liam4


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top