Нуријел Рубини: Биткоинот ќе трае се додека вредноста не падне на 0


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лудилото наречено Биткоин ќе трае се додека вредноста не падне на 0, предвиде Нуријел Рубини.

Биткоинот, најголемиот балон во човечката историја, ќе се урне, според зборовите на економистот Рубини, познат како Доктор Пропаст кој ја предвиде и финансиската криза во 2008 година.

Рубини, кој доследно е скептичен по прашањето за биткоинот, рекол дека многумина шпекулираат за да ги поддржат цените. Ова се случува, вели тој, кога луѓето купуваат и продаваат имот како би манипулирале со пазарите.

Покажувајќи на графиконот на биткоинот, економистот прашал дали властите како Комисија за хартии од вредност „би требало да почнат да ги разгледуваат овие криминални активности?“

„Мислам дека се ова околу биткоинот е еден гигантски балон бидејќи тоа не е сериозен начин на плаќање ниту добар начин на чување капитал“, рекол тој.

„Биткоинот се храни самиот со себе и нема основни причини неговата цена да остане на така високи нивоа“, додал тој.
Рубини, неодамна пред овој нов пад на биткоинот, предупреди дека тоа е најголем балон во човечката историја.

Извор: Фактор