Новото продолжение на филмскиот хит Avengers ги собира сите суперјунаци на Marvel


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Конечно е објавен првиот трејлер за новото продолжение на филмскиот хит на Marvel, Avengers: Infinity War, кој донесува нови тензични авантури на омилените суперјунаци од американскиот стрип серијал.

Третото продолжение на „Одмаздниците“ ги здружува јунаците од сите филмови за суперхероите кои Marvel ги има снимено во последните десет години. Судејќи според трејлерот, Infinity War би можел да го има највозбудливото дејство досега.

А освен што ги собра сите суперхерои на едно место, новото продолжение на Avengers собра и импресивна актерска екипа. Како Black Widow се појавува Скарлет Јохансон, Thor го глуми Крис Хемсворт, Том Хиделстон е во улогата на Loki, Doctor Strange е Бенедикт Камбербач, Iron Man го доби Роберт Дауни, Hulk ќе го пренесе Марк Рафало, а Том Холанд ќе биде Spider-Man. Во игра се и останатите актери од досегашните филмови на Marvel.

Филмот во светските кино сали стигнува на 4 мај следната година.