Новото „Фиќо“ стигнува во 2019 година – еве кои новитети ќе ги има


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ценетиот Fiat 500 се очекува да го отфрли 1.3 литарскиот MultiJet дизел мотор во корист на почистата хибридна технологија од 48 волти, кога неговата нова верзија ќе се појави на пазарот пред крајот на оваа декада.

Со цел да се редуцираат опасните NOx емисии, Серџо Марчоне, шефот на Fiat Chrysler групацијата, иднината ја гледа во поштедливите мотори кои би се вградувале во сите модели, почнувајќи од скапите луксузни Alfa Romeo и Maserati, па до најмалечките произведени од оваа групација.

Тој смета дека прво ќе треба да се намали цената на автомобилите пред електрилните супер-мини модели да станат реалност, а како нареден логичен чекор кон тоа ги смета хибридите.

Затоа, наредната генерација на Fiat 500 ќе биде побрза и поефикасна отколку сегашната, а ќе ја има приближно истата цена. За жал, таа тешко да се појави на пазарот пред 2019-та, бидејќи сегашната генерација беше подновена минатата година.