Научна реалност

Новооткриен вид на диносаурус – името го доби по чудовиштето од Ghostbuster (видео)


Канадски научници решија новооткриениот вид на диносаурус го наречет Зул краривастејтор. според чудовиштето од филмот „Истерувачи на духови” од 1984 година.

Во соопштението на Кралскиот музеј во Онтарио се наведува дека скелетот на диносаурусот го добиле минатата година.

Зул е чудовиште со изглед на куче, кое во филмот ги тероризира ликовите кои ги толкуваат Сигурни Вивер и Рик Моранис, а научниците го одбрале тоа име за диносаурусот поради деталот на главата – кратката и тркалезна муцка и роговите над очите.

Скелетот на диносаурусот е откопан во карпи кај реката Џудит во Монтана.

Научниците наведуваат дека тоа е еден од најдобро зачуваните анкилосауруси пронајдени досега, со цел череп и врв на опашот, како и со остатоци од меко ткиво.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top