НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Горивата со нови цени!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бранот поскапувања на горивата продолжува. Откако од 1 јануари Владата ја зголеми акцизата за 3.5 денари, сега регулаторната комисија објави ново покачување на цените.

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поскапе еден денар, додека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на 66,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за денар по литар на 59,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 денари на 29,367 денари за килограм.