Новиот канадски амбасадор: Со гордост го признаваме уставното име на Република Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот Ѓорге Иванов, вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваниoт амбасадор на Канада во Република Македонија.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Канада во Република Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Кетлин Чаба, претседателот Иванов истакна дека двете земји ги карактеризира вистинско пријателство кое се рефлектира преку прифаќањето на македонскиот етнички и културен придонес во Канада и подвлече дека македонската заедница е мост што ги поврзува двете држави и општества.

Македонскиот претседател истакна дека поддршката од Канада за евроатлантските аспирации на Република Македонија е од големо значење и изрази очекување за уште позасилена поддршка во претстојниот период и отворено лобирање од влијателна Канада во рамките на Алијансата, со цел што поскоро ефектуирање на поканата за заслуженото членство на Македонија во Алијансата.

Амбасадорот на Канада изрази задоволство од севкупните билатерални односи меѓу двете држави. Таа изјави дека со гордост Канада го признава уставното име на Република Македонија и изрази очекување за наш напредок кон членството во НАТО и ЕУ.