Со новиот албум Бројк на фановите им дели и криптовалути


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Популарната исландска сестрана уметница Бројк е позната по имплементацијата на новите технологии во рамки на нејзините турнеи или објавувањето на новите песни.

На својата минатогодишна светска турнеја таа на обожавателите им овозможи да го посетат нејзиниот дом преку VR систем, а со новиот албум Utopia одлучи да ги награди со криптовалути.

Сите кои ќе го купат споменатиот албум ќе добијат 100 аудиокоини, криптовалута која настана за потребите на музичката индурстрија.

Вредноста на еден аудиокин е околу 0,19 долари, што значи дека фановите со албумот од Бјорк ќе бидат почестени и со дваесетина долари. Освен што добиваат криптовалути, фановите можат да го платат и албумот со споменатата валута.

„Ќе биде забавно да се следи како крипто заедницата одговара на албумот, а воедно Utopia за прв пат ги отвора вратите за корисниците на криптовалутите“, вели Кевин Бекон, директор на Blockpool компанијата која соработува со Бјорк.

После купувањето на албумот Utopia, обожавателите на Бјрок преку интернет ќе имаат шанса да заработат дополнителни аудиокоини кои ќе можат да ги користат за купување на други содржини, карти за концерти и слично.

Бјорк сигурно ќе придонесе за развојот на модерните интернет платформи, иако многумина уште во целост немаа јасна претстава како во пракса ќе изгледа купувањето со криптовалути.