Актуелно

Новата Влада на Македонија нема да смее да се задолжува со нови кредити


Идната Влада скоро и да нема да смее да се задолжува. Ако економскиот раст е под три отсто годишно, државниот долг во кој влегува и долгот на владата, на општините и на јавните фондови ќе смее да се зголеми само за уште два насто од сегашните 39,1 од бруто домашниот производ. Секое задолжување што ќе биде над 41 отсто од БДП, тешко ќе се враќа во иднина.

Иако може би простор за нови задолжувања постои, поголемиот дел од фискалниот простор веќе е конзумиран, односно искористен, вели Теодора Арсовска, Фајнанс Тинк

Анализите покажуваат дека во најлошо сценарио, со низок економски раст, голем дефицит и ниски капитални инвестиции, владиниот и јавниот долг ќе може да се враќаат без проблем ако изнесуваат до 41 односно до 51 отсто од БДП.

Ако растот е над три насто и разумно се трошат буџетските пари, задолжувањето може да се искачи и без проблем да се враќа ако државен долг биде 48,7, а јавниот 59,2 отсто од БДП. Затоа од организацијата Фајнанс тинк предлагаат да се преземат економски мерки за полесно да се враќа долгот.

Доколку идните задолжувања ги искористиме за капитални расходи коишто ќе создадат нова додадена вредност, коишто ќе го зголемат индустриското производство и економијата, тоа значи дека овој простор понатаму ќе се шири, изјави Благица Петрески, Фајнанс тинк.

Освен ова, во иднина пензиите треба да растат колку што расте и економијата, а ќе треба да се стабилизира деловното опкружување, да имаме повисок економски раст, подобар кредитен рејтинг и да се задолжуваме дома, а не во странство. Инаку, во последниве осум години државниот и јавен долг за двојно се зголемил или секој жител на Македонија во 2016 година должеше по 2.274 евра.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!