Актуелно

Нова закана од дивите пламени јазици: Повторно активиран пожарот кај Трескавец


Повторно се разгоре пожарот околу манастирот Трескавец кај Прилеп кој вчера беше ставен под контрола.

Според командирот на противпожарната единица Станко Колески, кој моментално е на теренот со екипите и доброволците, пожарот се обновил околу 9 часот изутрината.

„Одненадеж се обнови пожарот кај предавателите околу манастирскиот комплекс Трескавец. Во моментов огнот го гаснат и се обидуваат да го пресечат повеќе од 60 луѓе, пожарникари, доброволци, помош од прилепските фирми“, изјави Колески.

Инаку, уште се активни и двата други пожари во прилепско, кај селата Никодин и кај Бонче-Крушевица, мариовско. Борис Јованоски од ЈП „Македонски шуми Црн бор“ изрази надеж дека денеска ќе ги стават овие пожари под контрола.

„Секој момент очекуваме да дејствуваат леталата на Дирекцијата за заштита и спасување и затоа се надеваме дека денеска ќе ги ставиме под контрола“, додаде Јованоски.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top