НОВА ТРАГЕДИЈА: Млад француски фудбалер почина во сон!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само пет дена после смртта на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, нова трагедија го потресе фудбалскиот свет!

18-годишниот фудбалер на Турс, Томас Родригез почина синоќа во сон и тоа на идентичен начин како Астори, од срцев застој.

Несреќниот фудбалер само што почна да игра за првиот тим и одигра само неколку натпревари за Турс, но за жал неговата кариера заврши прерано.

Поради прераната смрт на Родригез одложен е вечерашниот меч од Лига 2 помеѓу Турс и Валененсиен, а сите натпревари во Франција ќе почнат со минута молчење.