Нова светлина фрлена врз фотографскиот класичен убавец Leica


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот производител на фотографска техника Лајка (Leica) со години е во криза, заради силната конкуренција и високите цени. Компанијата инвестира во истражувачка и развојна дејност, но дали ќе успее да се врати на врвот?

Дејвид Боуви имал еден, Скарлет Јохансон исто, а Лени Кравиц со својот направил цела книга – фотоапаратите Лајка се најпознатиот производ на водечкиот во минатото германски сектор за фотографска техника. И покрај тоа, од средината на 60-ите години до средината на минатата деценија, есенската компанија пропаѓа од една криза во друга.

– Годините меѓу 2001 и 2005 беа најтешките, раскажува Андреас Кауфман, мнозински сопственик и претседател на надзорниот совет на Leиca Camera AG.

– Во 2005 година, компанијата беше скоро пред банкрот, дополни тој.

7-11-leica1

Сега, компанијата со средна големина и околу 1.600 вработени има намера повторно да се искачи на врвот на теничкиот напредок – всушност, првпат по 20-ите години од минатиот век кога неговите фотоапарати предизвикаа револуција во фотографијата со распространувањето на 35-милиметарскиот формат, кој се уште широко се користи.

Лајка одамна се бори со еден голем проблем – и покрај својата висока цена, фотоапаратите се многупати критикувани дека технолошки заостануваат. И покрај тоа што до средината на 50-ите години таа беше водечка на интернационалниот пазар, германската фотографска индустрија веќе многу години заостанува зад своите јапонски конкуренти. Главниот продукт на компанијата – моделот Лајка М, на пример, и до сега нема автофокус.

Кауфман влегол во Лајка во средината на минатата деценија.

– Помеѓу 2005 и 2009 година се преструктуриравме. Инвестиравме многу пари во истражувачка и развојна дејност, кои извесно време достигнуваа и до 12 проценти од приходите, се сеќава тој.

Во меѓувреме, резултатите од големите инвестици се отплаќаат – во последниве години Лајка на пазарот претстави мноштво нови модели и пет нови производни линии. Сега Кауфман и неговите колеги сакаат да си вратат дел од загубениот пазарен уддел во сегментот на професионалната фотографија.

7-11-leica2

Како конкуренција на потврдените огледално-рефлексни фотоапарати, се наметнаа фотоапаратите без огледала со електронски екрани. Во 2015, компанијата на Кауфман се вклучи на тој силно конкурентен пазар со Лајка СЛ. Со цена од 7.000 евра за апарат без објектив, производот е вообичаени поскап од тие на конкурентите, иако беше дочекан со позитивни оценки од љубителите на фотографијата.

– Ако направите пресметка, со годините еден систем на Лајка дури изглегува и ценовно профатлив, објаснува Кауфман. Фотоапаратите и објективите на Лајка имаат долг живот, а можат и да бидат продадени по високи цени.

Но, Лајка веќе никогаш нема да стане голема компанија.

– Претпоставуваме дека нашиот пазарен дел секогаш ќе остане под еден процент, оценува Кауфман, имајќи предвид дека компанијата продава нешто под 100.000 фотоапарати годишно. Продажбите на Никон и Канон се многукратно повисоки.

– Во меѓувреме, нашиот дел од пазарот порасна но најмногу затоа што пазарот за фотоапарати се намали, дополнува тој.

Причината: смартфоните изместија голем дел од аматерските фотоапарати. На почетокот на деценијата, секторот за фотографска техника се уште очекуваше дека во 2015 година ќе продаде 140 до 150 милиони дигитални фотоапарати. Всушност, според јапонската организација од оваа бранша, ЦИПА, биле продадени едвај 40 милиони.

И покрај намалувањето на пазарот, всушност постои побарувачка за поскапите модели.

– Просечната цена оди нагоре, посочува Константин Клаус од Сојузот на германската фотоиндустрија. „Делот на скапите апарати расте“, дополнува тој.

Пазарот на фотографска техника продолжува да се развива.

– Бројот на професионални уреди и нивната специјализација се зголемува, според Клаус.

Лајка веќе развива дејност и во другиот крај на спектарот – кај смартфоните.

Во германскиот град Вецлар компанијата гради истражувачка лабораторија заедно со кинескиот производител на мобилни телефони Хуавеј. Се очекува таму да работат 50 до 60 инженери и научници, подвелкува Кауфман.

Смартфоните веќе прават подобри фотографии отколку пред неколку години, но квалитетот на снимките се уште е далеку од идеален. Кауфман го објаснува идниот развој на настаните – повеќе објективи во еден уред.

– Според мене, иднината е на ареј-технологијата за мали сензори. Тоа се мноштво оптички системи кои работата заедно и секое од нив одговара само за еден аспект на снимката, на пример – една за длабочината, една за боите, една за контрастот, објасни тој.