Нова серија саеми за вработување започнува од 18 мај


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 18 мај започнува третиот по ред циклус саеми за вработување на кој работодавачите ќе ги претстават нивните потреби за вработување, а невработените ќе имаат можност непосредно да се информираат за условите за вработување.

Саемот ќе трае до 15 јуни, а во овој временски интервал вакви настани ќе се реализираат уште во пет градови, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Струмица.

Досега се одржани два циклуси саеми за вработување на кој учествувале 734 работодавачи. Резултирале со најмалку 2.500 вработувања. Саемите биле посетени од над 79.000 посетители кои доставиле 21.190 биографии.