Нова монета за фунтата на еден ден пред стартот на Брегзит


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британците добија нова кована фунта на еден ден пред официјалното покренување на Брегзит. Кованицата не е веќе кружна туку е дванаесеткрака и е полесна од досегашната.

Министерството за финасии соопшти дека новата кованица ќе биде меѓу најбезбедните во светот.

Ликот на кралицата Елизабета Втора е втиснат на лицето, а на опачината на кованицата има симболи на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Официјалната агенција за британската валута Ројал Минт треба да  искова околу 1,5 милијарди нови монети.

Новите фунти постепени ќе стигаат во банките и продавниците во следните шест месеци.

Старата фунта е во оптек повеќе од 30 години.