Нова Македонија: Пратеници наплаќале патни трошоци за лични возила, а немале сопствени автомобили

Patarina

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јавноста сè повеќе се шокира од алчноста и недомаќинското трошење на народните пари за лични цели, поврзано со наплаќањето пари од државата за да одат на работа во собрание, т.е. скандалите со фамозните патни трошоци. 

„Нова Македонија“ го продолжува своето новинарско истражување во врска со патните трошоци на пратениците продолжува. Ги споредивме податоците што пратениците ги доставиле до Државната комисија за спречување корупција и податоците од извештајот што ни го достави Собранието во кој е наведено кој пратеник колку пари наплатил од оваа институција за патни трошоци во периодот од декември 2016 до октомври 2017 година.

Споредбата на овие податоци доведе до интересни сознанија. Имено, некои од вратниците што наплаќале патни трошоци за користење на својот автомобил, воопшто не ни поседуваат автомобил, а повеќето од нив иако земаат патни трошоци, поседуваат станови во Скопје.

За да ја разјасниме оваа ситуација, им напишавме мејлови со прашања на сите овие пратеници, на нивните пратенички е-адреси, но не добивме одговор од ниту еден од нив.

Според податоците од Антикорупциска, четири пратеника што побарале пари за да наплатат патни трошоци, односно, за користење приватен автомобил во службени цели, воопшто не ни поседуваат автомобил.
Пратениците Ванковер Манчев, Бранко Маноиловски, Нада Ципушева и Магдалена Манаскова од декември 2016 до октомври 2017 година, заедно наплатиле околу 18 илјади евра, за користење на својот приватен автомобил, но тие, според Антикорупциска, немаат свој автомобил.

Од овие четворица, најмногу пари наплатил пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев, дури 448 илјади денари, кој освен дека поседува еден стан во Скопје и дека неговите родители поседуваат уште 3 стана во Струмица и во Дојран, тој не пријавил дека некој од неговата фамилија или тој, воопшто поседуваат приватен автомобил, кој би го користел пратеникот во службени цели. Чиј автомобил вози Манчев, не ни одговори.

Пратеникот на ДУИ, Бранко Маноиловски, според податоците што ги доставил до Антикорупциската комисија, е мултимилионер. Тој поседува зграда вредна повеќе од еден милион евра, наплаќа десетина илјади евра месечно рента и има девизна сметка од милион и пол долари, но тој не поседува автомобил. Тој за користење приватен автомобил во службени цели во гореспоменатиот период наплатил околу 4 илјади евра, а чиј приватен автомобил користи Маноиловски, не добивме одговор.

Нада Ципушева, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, исто така користи нечиј туѓ автомобил за службени цели, со оглед на тоа што не доставила податоци дека поседува свој автомобил, а за идење на работа со свое возило наплатила 356 илјади денари.

Магдалена Манаскова е уште една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, која наплатила пари за користење приватен автомобил во службени цели иако не поседува приватен автомобил. Таа наплатила 81 илјада денари од собраниската каса за оваа намена.

Целиот текст од истражувачката сторија на „Нова Македонија“ можете да го прочитате ТУКА.