Нов „ѕвер“ во морските води: 20 години може да плови без да дополни гориво


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кинеската бродоградителска компанија ChinaShipbuilding информираше дека ја започнале конструкцијата на првиот носач на авиони кој ќе се движи и работи на нуклеарен погон.

Според изјавите од кинескиот бродоградителски гигант, бродот ќе може да плови до 20 години без да има потреба да наполни нуклеарно гориво.

Компанијата веќе работеше на ремонт на бродот Лиаонинг, претходно познат како Варјаг, кој Кина го купи од Украина и кој е првиот и единствен носач на авиони на кинеската воена морнарица.

Кинеската флота во изминатите години се почесто доаѓа во територијални спорови со Филипините, Виетнам и други држави во регионот, а има задача и да биде подготвена за судир со Тајван, ситуации во кои може да се најде соочена со американските носачи на авиони.

Кинеската програма за развој на сопствени нуклеарни носачи на авиони предвидува тие да можат да носат летала како од руско така и од кинеско производство.