Актуелно

Нов вирус „BadRabbit“ се шири низ Источна Европа

BadRabbit

Ransomware вирусот кој е наречен BadRabbit се шири низ Русија, Украина и другите источноевропски земји.

Мета на „BadRabbit“ се корпоративните мрежи, компјутерските системи низ метроата во Киев, украинските аеродроми, некои руски медиуми. Заразените компјутери покажуваат порака за откуп, која одбројува.

Стручњаци за сајберсигурност во компанијата ЕСЕТ и Касперски се едни од оние кои ја пратат ситуацијата. Од компаниите трврдат дека хакерите имаат врска со Pety вирусот, тврдат дека се појавувале на многу слични хакнати веб – сајтови. Се ширеле со користење на интерфејс за управување со уреди и апликации во мрежата. Како и  со Мимикатца, алатка за собирање на шифри и други податоци од компјутерите.

Од компанијата ЕСЕТ велат дека една од методите на дистрибуција на BadRabbit се pop-up пораките кои известуваат за надоградување на Flash Player. На тој начин ги наведува жртвите да превземат и инсталираат malware софтвер.

Кога компјутерот ќе се зарази, жртвата се праќа на страница каде му се бара да платат 0,05 Биткоини, односно 275 долари во рок од 41 час. Доколку не го „откупат“ компјутерот во рок од 41 час, откупнината се зголемува.

BadRabbit има сличности со Pety, но сеуште не е јасно кој стои зад нападот. Вирусот Pety има зафатено многу владини агениции и деловни субјекти оваа година, главно во Украина.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top