Нов тренд, ново лудило: До скоро никој не знаеше што се, денес ги сака секое дете


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сигурно сте ги виделе на социјалните мрежи, на порталите, по медиумите, на YouTube, на ТВ, па дури и во порно филмовите, но за голем дел од читателите fidget spinner веројатно како синтагма не значи ништо.

Кратко кажано, fidget spinner е новата „мора да ја имаш“ играчка која е најнов тренд и масовно „лудило“ со кое се заразени од мало до големо. А посебно малите, оние, основците. Нешто како модерен јо-јо, како нова зараза од типот на клик-клак, бескорисна играчка која функција е да завладеете што повеќе трикови кои ги овозможува играчката.

Не е само играчка, тоа е и помагало (можеби)

Додуша, треба да се нагласи дека fidget spinner во една фаза имаше и функција – да им помага на децата кои страдаат од ADHD да се ослободат од стресот и досадата. За жал, оваа функција на играчката брзо беше заборавена, бидејќи не постои научен доказ дека fidget spinner е ништо друго освен популарна и бескорисна играчка, а не терапевтско помагало за тегобите, аутизмот или пореметената концентрација.

Секако, тоа не значи дека родителите и наставниците се во криво кога велат дека новата популарна играчка им помогнала на немирните деца да се фокусираат на наставата и учењето, но во исто време, мора да знаеме дека трговците се малку послободни со исказот во кој тврдат дека fidget spinner е „лек за немирно однесување или недостаток на концентрација во училницата“.

И додека голем број родители решението за однесувањето на нивните деца го наоѓаат во едноставните и класични медицински решенија, не смее да се заборави дека состојбата на нивните деца не постои брзо и едноставно решение, особено не ако станува збор за играчка со цена од 2,5 евра па нагоре (толку се моментално на пазарите кај нас).

Но, не смееме да заборавиме ниту на другата страна, бидејќи, освен оние кои сметаат дека станува збор за нешто што само го одвлекува вниманието и не помага при лечење на ADHD, постојат и оние кои веруваат дека „спинерите“ и сличните направи во вистинско опкружување можат да го смират немирниот ученик или хиперактивниот ум.

„Овие мали направи би требало да ги нарекуваме алат, а не играчки, бидејќи можат да бидат делумно успешна стратегија во лекувањето на немирното однесување и хиперактивноста, ако се претстават како нормален дел од културата“, вели педијатарската терапевтка Клер Хефрон.

Како fidget spinner стана феномен?

А додека експертите расправаат за користење на „спинерот“ во терапевтски цели, многумина се прашуваат као оваа навидум безвезна играчка воопшто стана толку голем хит.

Постои едноставно објаснување. Сите ние сме немирни во извесна мера, без оглед на тоа дали станува збор за постојано допирање на косата, грицкање нокти, вртење пенкало низ прстите и слични „нервозни“ навики, па кога имате играчка која го заменува секое вакво заразно однесување, не е посебно изненадување дека стана толку популарна, не само меѓу децата, туку и кај возрасните.

Меѓутоа, станува збор за играчка која не може да се пронајде во секоја продавница, бидејќи зад неа не стои голема компанија, ниту постојат реклами кои со помош на агресивниот маркетинг би ја претвориле во играчка на годината.

Овој пораст на популарноста е уште поинтересен ако во предвид го земеме фактот дека fidget spinner постои веќе долги години, а го користат главно клинците кои страдаат од аутизам или имаат проблеми со концентрацијата. Но, сè до оваа пролет, играчката беше целосна мистерија во мејнстримот.

Ричард Готлиб од њујоршкиот Global Toy Experts не е сигурен како „спинерот“ дотурка од анонимност до глобален феномен, но претпоставува дека приказната се проширила од игралиштата, а еднаш кога луѓето ќе почнат да објавуваат видео снимки на YouTube и социјалните мрежи, веќе никој не може да го запре ширењето на лудилото. Луѓето ги користат на безброј начини, а залихите во продавниците редовно се трошат и редовно се надополнуваат. Некои клинци дури и купуваат поголем број на „спинери“ и заработуваат продавајќи ги по повисока цена.

Да го иновираш најголемиот хит на годината и да не заработиш

Fidget spinner главно произведуваат Кинезите, но постојат и други производители кои не можат да веруваат што се случува. Сето тоа најмногу ја погодува Кетрин Хетингер, која го иновираше fidget spinner уште во далечната 1990 година. Дизајнот беше малку поинаков од денешниот, но горе-долу станува збор за истата играчка.

За жал, нејзиниот патент е истечен уште пред десет години, бидејќи Кетрин решила веќе да не го плаќа одржувањето. Тоа е нејзина голема грешка, бидејќи не заработила ниту еден долар од денес незапирливото лудило.

„Никој не ме контактирал и никој не ми испратил чек. Но, кога патентот еднаш ќе истече, станува јавно добро, па не очекувам ништо“, изјави Хетингер.

Имајќи во предвид дека играчката сега ја знаат речиси сите, постои голема шанса лудилото наскоро да престане, но интересно е да се следи како речиси 30 години старата играчка доживеа големо враќање и притоа разбуди интерес за старите „зарази“ како јо-јо, клик-клак и Рубиковата коцка.