Актуелно

Нов проблем: Патниците слетуваат во Солун, а мислат дека се во Скопје!


Јанис Бутарис, градоначалникот на Солун, изјави дека мора да се размислува за промена на името на аеродромот во Солун кој го носи името „Македонија“ бидејќи патниците кога слетуваат во Солун мислат дека доаѓаат во Скопје.

„Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ го подели светот, не подели нас и од тоа сите губиме“ рече Бутарис во изјава за грчката телевизија „Скај“.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција кој влезе во американската Куќа на славните.

Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и се поголемото турско влијание во регионот.

Тој оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолговлекување би одело на штета на Грција.

„Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО“, изјави Бутарис.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top