Актуелно

Нов ПОНИЖУВАЧКИ предлог: Република ГорнаМакедонија – споено!


Грчките предлози за тоа како да се вика нашата татковина добиваат безобразни размери. Последниот предлог од грчка страна е да се викаме Република ГорнаМакедонија и тоа споено, со словенски изговор, со цел да се изгуби зборот и значењето на терминот Македонија. Предлогот предизвика лавина реакции на социјалните мрежи!

Грчкиот портал GreekReporter.com пренесува информации од локални медиуми кои тврдат дека добиле ексклузивни информации од грчкото Министерство за надворешни работи според кои од четири можни предлози на медијаторот Метју Нимиц, Република ГорнаМакедонија (Republika GornaMakedonija) е опција која била најприфатлива за двете страни.

За Атина, „GornaMakedonija“ е еден збор кој со „словенски изговор“ не звучи како Македонија. На тој начин, поединечниот термин „Македонија“ е изоставен од името.

Според извештаите од истите извори, македонската страна била најмногу заинтересирана за предлогот Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia), додека грчките власти настојувале новото име на земјава да биде Република Вардарска Македонија (Republic of Macedonia of Vardar).

Третото решение од пакетот на Нимиц – Република ГорнаМакедонија (Upper Macedonia) наводно било прифатено од двете земји.

Инаку, овие како и другите фашистички предлози на Грција, со кои јасно се заговара да се промени македонскиот идентитет, јазик и култура, веќе на широко се одбиваат со потсмев како на социјалните мрежи, така и во експертската јавност.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top