Убедлива победа на Пахор, сепак ќе има втор претеседателски круг во Словенија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот претседател Борут Пахор убедливо победи на вчерашните претседателски избори Словенија, но не освои доволен број гласови за победа во првиот круг, соопшти словенечката Централна изборна комисија, по преброени 99,9 проценти од гласовите.

Според овие резултати, Пахор освоил 47,07 насто од гласовите и во вториот круг по две недели ќе се соочи со независниот градоначалник на Камник, Марјан Шарец, кој доби 24,96 проценти од гласовите. Одзивот на вчерашните претседателски избори во Словенија бил 43,57 отсто.