Нов колапс во криптобанкарството: Во кој правец одат криптовалутите?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако биткоинтот беше преполовен и достигна најниска вредност откако почна неговиот прогрес и раст, дефинитивно се покажа дека криптовалутите сè уште имаат непредвидлива вредност.

Во средината на декември биткоинот достигна рекордно ниво од скоро 20 илјади американски долари, за неколку дена вредноста падна на помалку од 10.000 долари. Најпопуларната криптовалута продолжува да флуктуира од минута во минута.

За непредвидливоста на биткоинтот предупредуваа многу ескперти и светски бизнисмени. Некои од нив изразија загриженост дека, инвеститори кои не го разбираат пазарот на криптовалути, придонеле да се формира овој меур, за кој предупредуваат дека наскоро ќе пукне.

„Генерално, за крипто-валутите, можам со сигурност да кажам дека ќе имаат лош крај.Кога и како ќе се случи не знам, но ќе имаат лош крај.“ – вели Ворен Бафет.

Промена е забележана и кај другите криптовалути…Стрммни падови деновиве имаше и кај криптовалутите Етерум, Рипл и Лајткоин, чии вредности се намалени за повеќе од 20 отсто.

“Има многу паника на пазарот. Луѓето прават се за да ги повлечат своите пари „ Чарлс Хајтер, основач на Cryptocompare, кој поседува cryptocurrencies.

Промените на пазарот, следуваат по шпекулациите за можни укинувања на трговијата со криптовалути. Најави за ограничување стигнаа од Јужна Кореја и Кина, а сличен Предлог закон, наводно, стигнал и до САД. За глобална координација и построга регулатива на криптовалутите, најавно е да се расправа на претстојниот самит Г20 кој ќе се одржи во март, во Аргентина.