Нов генијален потег на Јувентус – ова ќе биде трансфер на деценијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус веќе неколку години прави одлични потези на трансфер пазарот, но доколку се реализира ОВОЈ трансфер сигурно ќе биде еден од најдобрите ова лето.

Имено, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е сериозно заинтересиран за легендарата на Барселона, Андрес Иниеста кој има договор до 2018 година и сеуште го нема продолжено.

„Бјанконерите“ поучени од трансферите на Андреа Пирло и Дани Алвеш кои во Торино посригнаа во поодминати години, но го издигнаа тимот на повисоко ниво, сакаат истото да го повторат и со Андрес Иниеста.

Тешко е да се поверува дека Барселона ќе ја направи истата грешка и ќе го пушти Иниеста, но Јувентус е спремен да плати и обештетување.

Се зависи од новиот тренер, кој доколку тргне во подмладување на тимот можно е додатно да се затвори просторот за Иниеста.

За сега ова делува нереално, но летото е долго и во фудбалот се е можно!