Актуелно

Ноќеска во Прилеп: Го претепале, па му го запалиле автомобилот!


22 годишниот прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од две други засега непознати лица, а истите му го искршиле автомобилот и му го запалиле.

Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“. Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без предупредување го удрил 22-годишниот Л.П. по што почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Тој се обидел да побегне, но во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ повторно го стигнале и физички го нападнале. Л.П повторно успеал да побегне, но напаѓачите го деморилирале неговото возило по што еден од нив го однел оштетениот автомобил кон автопатот за Битола и го запалил. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Прилеп.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top