Ниту една славна личност во јавност не се однесува како Кејт Мидлтон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Експертите за говор на тело го анализираа односот на Кејт Мидлтон и нејзините деца и заклучија дека за неа принцот Џорџ и принцезата Шарлот се приоритет број еден и сака сите да го знаат тоа.

„Секој ден кога ќе ја видиме Кејт со децата, гледаме дека тие секогаш се нејзин приоритет“, вели Пети Вуд, експерт за говор на тело и авторка на книгата SNAP: Making the Most of First Impressions, Body Language, and Charisma, за GoodHousekeeping.

„Наместо да посвети внимание на камерите или новинарите, Кејт комуницира со своите деца“, вели Вуд додавајќи дека за Кејт тоа е начин на создавање посебни спомени за децата, и покрај фамата и околностите во кои се наоѓаат.

„Кејт, исто така, не дозволува јавноста да влијае на нејзината разиграна природа. Таа е забавна мајка, и покрај сè. Често можете да ги видите Кејт и Вилијам со големи насмевки, а таа заразна насмевка укажуѕва на спонтана радост“, заклучува Вуд.

„Константно скенира да провери дали децата се во ред“, вели за истиот медиум Бланка Коб, експерт за говор на тело и авторка на книгата Methods of the Masters, а пренесува Harper’s Bazaar.

„Кејт, обично, држи барем едно од децата, а забавно е тоа што децата често со рацете се држат лабаво за нејзините нозе“, вели Вуд и додава дека можеби станува збор за нормално однесување за мајка, но истакнува дека таквото однесување во јавност за славни личности е прилично невообичаено.

„Секогаш одново Кејт докажува дека никој друг освен децата за неа не е во фокус“, објаснува Вуд. „Никогаш не оди пред нив, наместо тоа децата ги третира како еднакви и рамноправни, а исто се однесува и кон својот сопруг“, заклучува Вуд.