Ниските температури ја зголемија потрошувачката на струја за 30 проценти


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Редовно се снабдуваат со струја домаќинствата и помалите компании кои се на регулираниот пазар за електрична енергија, соопштуваат од АД ЕЛЕМ.

Во нивното соопштение се наведува дека вчера поради ниските температури било регистрирано за 30 проценти поголема потрошувачка на струја споредено со истиот период за последните пет години. Од ЕЛЕМ соопштуваат дека ја користат струјата од домашните производни капацитети, но и купуваат електрична енергија од странство.

Од таму соопштуваат и дека е надвор од функција термоелектраната Битола 3, поради дефект, но дека се работи на остранување на дефектот и очекуваат за неколку дена тој да биде во функција.