Ништо од Јунајтед, Гризман се сели во Италија!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новите сопственици на Интер планираат едно големо засилување за следната сезона, а италијанските медиуми тврадт дека прва на списокот е ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антонан Гризман.

Иако медиумите често го селат во Манчестер Јунајтед, неговиот трансфер на „Олд Трафорд“ не е сигурен. Имено, Мурињо смета дека на тимот му треба друг профил на напаѓач и прва мета во моментов му е Хари Кејн.

Кинезите се спремни да платат 100 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузуала и да го донесат Гризман на „Џузепе Меаца“.

Доколку не успеат да го убедат Французинот да се пресели во Милано, тогаш ќе се насочат кон Алексис Санчез кој ова лето сигурно го напушта Арсенал.

Интер покрај една голема ѕвезда е спремен да донесе и врвно тренерско име, а медиумите во последно време често шпекулираат со името на Антонио Конте.