Никол Кидман застрашувачка во новиот филм The Beguiled – еве го официјалниот трејлер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Колин Фарел, Никол Кидман, Кирстен Данст и Ела Фанинг ќе ги воодушеват гледачите во долгоочекуванот филмски хит во најава The Beguiled, кој во кино салите ќе започне да се прикажува на 23 јуни.

Филмот е римејк на готскиот филмот со Клинт Иствуд од 1971 година. Филмот делумно се темели и на романот од Томас Калинан, кој ја раскажува возбудливата приказна за едно школо за девојчиња во 1864 година.

Дејството се случува за време на Граѓанската војна, а ја пренесува љубовната приказна помеѓу еден војник и жената од конфедерацискиот интернат. Во филмот можеме да очекуваме богата костимографија и ентериер кои го пренесуваат духот на 19 век.

„Срцето на приказната е во динамиката помеѓу група на жени кои мора да бидат на исто место, а потоа и во промената на моќта помеѓу мажот и жената. За мене тоа е навистина универзално, но е сместено во егзотични јуначки околности поради што и приказната е навистина посебна“, вели режисерката Софија Копола за своето дело.