Никој како него: Меси стигна до 100-от гол во Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лео Меси постигна два гола против Селтик во Глазгов, во Лигата на шампионите, со кои стигна до единствен рекорд во светот на фудбалот.

Лео Меси со двата гола против Селтик стигна добројката од 100 погодоци на интернационалните клупски натпреварувања (Лига на шампиони, УЕФА Супер куп и ФИФА Светско првенство за клубови).

Аргентинецот оваа сезона има постигнато девет голови во Лигата на шампионите, односно стигна до бројката од 92 гола на 110 натпревари во елитното натпреварување. Лидер на оваа листа е Кристиано Роналдо со 95 погодоци.

Првиот гол во елитата Меси го постигна во далечната 2005 година во триумфот на Барселона над Панатинаикос од 5:0. Она што е интересно во неговиот рекорд дека Селтик е првиот тим против коj постигнал два гола во интернационалната кариера.

Во Лигата на шампионите е косопственик, со Луиз Адриано, на рекордот според бројот на постигнати голови на еден натпревар. Пет гола постигна во победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.

Инаку, Аргентинецот има постиганот најмногу голови во 2016 година, во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата има постигнато 54 гола, зад него се Роналдо со 49, Луис Суарез со 47 и Ибрахимовиќ со 41.