Ни Audi, ни Mercedes – оваа машина е најпродавана луксузна марка во Кина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Драстичниот раст на продажбата на неговите модели, на германскиот автомобилски гигант му ја овозможи лидерската позиција во пописот на најпродавани луксузни автомобилски брендови во моќната Кина.

Продажбата на BMW на кинескиот пазар во текот на месец ноември скокна за 12%, поточно на 55.293 продадени возила, со што баварскиот бренд ги „издува“ своите конкуренти Audi и Mercedes, пренесува Automotive News Europe.

Во истиот период, продажбата на Audi моделите била и подобра. Со пораст од 6,5% биле продадени 56.208 Audi автомобили, но таа бројка е недоволна за да го анулира минусот од претходните месеци. Во тој период, продажбата на Mercedes рипнала за 22%, односно на 50.812 продадени автомобили.

На годишно ниво, BMW во сите 11 месеци од оваа година во заминување забележа позитива од 15% и продажба од 542.362 автомобили. Audi има пад о 2,1% со продадени 528.706 модели кои беа доволни само за трето место во престижната врвна тројка. Mercedes беше подобар од нив со раст од 27% и продажба од 539.728 автомобили.

Во идната година BMW планира понатамошен пораст во продажбата, благодарение на новото партнерство со Great Wall Motor и стартот на производството на Mini моделот.

Тука е и сè поголемата побарувачка за електрични возила, па во BMW очекуваат популаризација и на таа нивна серија, особено на моделот i3. Ќе биде интересно да се види дали сето тоа ќе биде доволно за задржување на тронот или Баварците ќе потклекнат пред конкурентните Audi и Mercedes.

Сè на сè, важно е дека Кинезите во изминатите 11 месеци од оваа година купиле над 1,5 милиони автомобили од германските премиум брендови.