„Нездрава“ храна која добро делува на организмот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Научниците имаат добра вест – ниту една храна не е штетна доколку се јаде во умерени количини.

Во очајната потрага по совршено тело за на плажа многумина се откажуваат од омилените оброци. А и целта за идеално тело многу ретко ја остваруваат. Нутриционистите велат дека со одрекување од ужинката не се стасува до добро ментално и телесно здравје.

Вискито помага во борба против ракот

Пиењето жестоки пијалоци доаѓа со ризик од болест на црниот дроб. Но сепак некои студии докажуваат дека пиењето виски во мали количини може да придонеси за здравјето на организмот. Тоа содржи висока концентрација на елагична киселина, антиоксиданси кои помагаат во борба против ракот.

Темно чоколадо – еднаш дневно

Луѓето за чоколадото имаат мислење како за сладок „грев“. Но оваа намирница е полна со моќни антиоксиданти вклучувајќи ги и оние кои се борат против ракот. Студиите покажуваат дека има бројни предности ако се јади умерено.

Крофните го спречуваат прејадувањето

Можеби не се најздравата храна, но една крофна од време на време се уште никого не убила. Доколку некогаш се почестите, тоа ќе помогне во прејадувањето. Добра е од аспект што долгорочно помага во урамнотежена исхрана. Нутриционистите советуваат дека е важно да уживате во храната и да се чувстувате добро поради тоа.

Пивото го намалува ризикот од дијабетис

Тоа е пријалок што многумина го избегнуваат кога сакаат да намалат од килограмите и не сакаат да добијат „пивски стомак“. Но, пивото има бројни предности за здравјето кога се конзумира умерено. Тоа го намалува крвниот притисок, превенира од дијабетис и помага во слабеењето. Исто така е извор на витамин Б. Според Хардвард умерено конзумирање го намалува ризикот од рак за 30 до 35%.

Црвено месо

Тоа е поврзано со зголемената телесна тежина и зголемен ризик од рак на дебело црево. Меѓутоа, има некои нутритиенти кои се добри. Содржи железо, цинк, протеини и витамин Б12 кој помага во одржување на крвните садови.