Спорт

НЕВЕРОЈАТНО: Скаут на Јунајтед тргнал да гледа натпревар, промашил 7000 километри!


Манчестер Јунајтед дефинитивно е еден од најголемите клубови на светот, но и таму се случуваат пропусти и непрофесионализам на кој се смее целиот свет.

Неверојатно звучи веста дека скаутот на Манчестер Јунајтед стигнал на Исланд за да го гледа дуелот против Чешка и да скаутира играчи.

Проблем е што затекнал празен национален стадион во Рејкавик, а таму го известиле дека натпреварот се игра во Доха, на 7000 километри од тука!

Скаутот бил принуден да преспие во Рејкавик и се вратил во Манчестер наредниот ден, а мечот во Катар заврши со победа за Чешка од 2:1.

Исландската федерација потврди дека Манчестер Јунајтед побарал акредитација за овој меч, а ова само ги потврдува тврдењата на Мурињо дека клубот во многу работи е непрофесионален и дека после заминувањето на Сер Алекс, многу работи не функционираат.

Јунајтед ангажираше нови 50 скаути оваа есен, за да го покрива целиот свет, а Пјотр Саборски е човекот кој управува со целата скаутинг мрежа.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top